Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животозагрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува.
Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација.
Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет.
- Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти, најавуваат од здравство.
Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот.
Повикуваме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство.
