Најголем дел од граѓаните не сакаат повеќе да се гради во Кисела Вода, туку сакаат зеленило, паркови и паркинзи, бидејќи сметаат дека е пренатрупана, вели Кети Сталеска, кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода од група избирачи, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Изградба на нови згради и промена на ДУП-ови, секако, дека е едно горливо прашање и не може туку-така да се одлучи. Треба да се провери претходно што било и како било, да се направи една ревизија, па понатаму ќе се донесат големите одлуки. Не може туку-така да се отвори простор и да се дадат дозволи за градба и понатаму. Ќе се провери дали има можност или не, кои се барањата, зошто се барањата, дали ќе има потреба или не. Тоа е еден од моите приоритети. Има и стручни служби кои ќе помогнат во одлуката. можам јас сама, бидејќи не сум градежник“, рече Сталеска.
Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите седум кандидати за градоначалник на Кисела Вода. Присуството го откажа само Марко Ташков од група избирачи.
С.Д.
