Побрзи и за шест пати поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе пристигнуваат побрзо и со пониски трошоци, а бизнисите ќе имаат поедноставени плаќања во Европа – ова се само дел од придобивките од приклучувањето на нашата земја кон СЕПА.
Македонија од денеска станува дел од СЕПА со што на македонските банки ќе им овозможи да се приклучат кон евроспките платежни системи. Се очекува дека овој процес ќе донесе повеќе придобивки за економијата, особено во делот на заштедата на трошоци и време при вршењето плаќања кон земјите од ЕУ.
Досега за плаќањата од ЕУ кон земјите од Западен Балкан трошоците беа повисоки за 12 пати во однос на трошоците за плаќање помеѓу земјите од ЕУ. Се намалуваат и надоместоците за приливи во евра од странство. За сума до 500 евра, граѓаните ќе платат околу 140 денари, наместо сегашните 280 денари.
Од 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи“, порача гувернерот на НБРМ Трајко Славески на платформата „Х“.
Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи
