Вести Македонија

21 кандидат за судија во Стразбур се пријавиле на новиот оглас

Заврши огласот за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Аплицирале 21 кандидат а комисијата предводена од претседателот на Уставен ќе чека уште ден два пријави испратени по пошта и  во среда на состанок ќе ги разгледуваат  пријавите по што ќе се знае кој го минал првиот филтер

-Ќе направиме административна проверка на апликациите и да одредиме кој од апликантите што ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју. Многу брзо ќе биде спроведено и интервјуто. Постапката за избор на судија на Македонија во Стразбур продолжува, очекувам да имаме успешен процес, изјави  Дарко Костадиновски, претседател на комисијата

Дали јавно ќе ги објават имињата на кандидатите , Костадиновски вели за ова прашање ќе одлучуваат сите  5 члена на седницата во среда. Телма дознава дека повторно аплицирале  дел  од кандидатите кои се пријавија и претходниот оглас а владата стопираше постпаката  во фаза кога комисијата предлдожи тројца кандидати и ја поништи листата . Од овие тројца повторно аплицирал единствено адвокатот Јордан Апостолски додека обивнителката Ленче Ристоска и судијката Габриела Гајдова и претходно најавија  дека нема да се пријават,  откако владата не им одговори кои критериуми не ги исполниле.

Меѓу пријавените има поранешни и сегашни судии, универзитетски професори, адвокати.  Кандидатурата ни ја потврија, деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први” Сашо Георгиевски, поранешната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска, апелационата судијка Оља Риства, заменик дирeкторот на Aкадемијата за судии и јавни обвинители Илир Исени, членот на ДИК Александар Даштевски, адвокатката Јелена Ристиќ, адвокатот Тони Менкиновски.

Овој оглас траеше двојно подолго 30 дена.

Изборот за наследник на Јован Илиевски во судот во Стразбур се врати на почеток, откако владата на 22 јули ја поништи претходната листа тројца кандидати и ЈА промени комисијата. Од претходната од 9 челна комсија во новата 5 члена остана единствено директорката на Академијата за судии и јавни обивнители. Покрај неа се и претседателите на Уставниот на Врховниот суд на Кривичниот и на Граѓанскиот суд . И на претходниот оглас беа пријавени 21 кандидат.

Освен неисполнување на критериумите, премиерот Мицкоски рече  дека вистинската вистина ја кажува владата.  Обвинителката Ристоска која ги води предметот „Талир“, поврзан со ВМРО-ДПМНЕ, претходно изјави дека не би сакала да верува дека нејзините предметите имаат врска со одлуката на владата. Претходно обелодени дека имала укажувања дека треба да ја повлече кандидатурата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе