Вести Македонија

Кугларски трикови, карате тајни, креативни работилници, музика и игра – забава за најмладите на „Кид Експо“ во Скопје

„Кид Експо 2025“ викендов приреди неверојатна забава за најмладите. Од музика, танц и игра, па сè до спортско рекреирање и учество во креативни работилници. Дечињата ги имаше во голем број, заедно со нивните родители кои дојдоа да бидат дел од оваа весела детска приказна. На големата сцена децата имаа можност да следат најразлични содржини.

,,Од наградни игри, игри на знаење, претприемачки штандови, каде дечињата можат сами да изработуваат производи и потоа да ги продаваат. Истовремено во спортскиот ринг и креативниот ринг имаме спортски работилници на најразлични теми. Додека на големата сцена имаме голем број на концерти хип-хоп и балетски настани, Биби и Боби, за секого по нешто“, изјави Марија Зекмановска Митреска, коорганизатор на „Кид Експо“.

Првиот ден донесе голема посетеност, а вториот уште повеќе активности. Како најатрактивни се издвојуваат спортските работилници „Учиме кугларски трикови со Макпетрол“ и „Откриваме карате тајни со Макпетрол“. На големата сцена, пак, имаше разговори и смеење со Сашко Коцев во рамки на детската емисиија ЛОЛ со Сашко и Макпетрол.

,,Вториот ден од „Кид Експо“ започна од 12 часот. Програмата ќе трае до 19 часот. Исполнета е со многубројни работилници, спортски активности. На големата сцена ќе го имаме и Сашко Коцев кој ќе ги забавува дечињата со неговата емисија Лол овозможена од Макпетрол“, додава Зекмановска Митреска.

Генералниот покровител Макпетрол го поддржува саемот преку кампањата „Крени глас“ и емисијата „ЛОЛ“, со што го истакнува значењето на гласот против врсничкото насилство и креативноста на младите.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Муцунски на Дубровник форум: Со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе