Утре продолжува редовната настава во СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје, која поради настанат дефект на вториот кат на училиштето во петокот (03.10.2025) во 05:30 минути, беше одложена.
„Настанатиот дефект во текот на денот беше саниран. Веднаш беше известено и Министерството за образование. Согласно законските прописи, наставатата ќе биде надокнадена. Утре продолжуваме редовно со настава“, стои во дописот на директорката Силвана Кржовска до ТВ Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
