Изложба на модните и уметнички креации на Џорџо Армани- прикажани и фустаните со кои филмските ѕвезди се шетаа по црвените теписи во Кан и Холивуд.
Над 150 модни парчиња произлезени од креативноста на дизајнерот Џорџо Армани се дел од изложбата „Giorgio Armani. Милано со љубов“ во Пинакотека ди Брера во Милано.
Трудовите се од целата кариера на Армани кој неодамна почина по децении модно творештво. На изложбата се и фустанот со кој Шерон Стоун дојде на Оскарите во 1996-та, како и култниот син фустан со кој Жилиет Бинош беше на Канскиот фестивал во 2016-та. Изложбата е отворена до јануари 2026-та.
View this post on Instagram
