Вести Македонија Топ вести

Каде е сертификатот за „ДРЖАВНА ТАЈНА“ на обвинетата антикорупционерка Димитровска која се гони за оддавање тајни и го измами системот воведен поради НАТО

Никој не открива што станало со сертификатот за „ДРЖАВНА ТАЈНА“ на Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска комисија која е обвинета за злоупотреби при вадењето на тој документ со кој може да ѕирне во најголемите бебзедносни тајни во државата доколку дојдат во Антикорупциска или се дел од нејзините активности.

Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации која го издава тој документ не одговорија дали и е одземен и дали е отворена прекршочна или кривична постапка.

Според обвинението, Димитровска на свој колега ревизор му ги дала шифрите за да полага во нејзино име курс за класифицирани информации. Тој курс се полага електронски односно онлајн и е прв чекор за добивање на сертификат Државна тајна. Пред официјалното членство на државата во НАТО, правилата биле сменети по барања на НАТО и оттогаш е овозможено полагање на курсот преку онлајн заштитетни алатки на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

По промената, сите кои дотогаш, до пред 6 години  имале сертификати, морале повторно да го полагаат почетниот курс онлајн, без разлика на функцијата која ја извршувале.

Но, Димитровска лани, како претседателка на ДКСК успеала да го измами дигиталниот курс воведен по НАТО барања и во нејзино име да полага друг. За тестот односно за курсот постои и туторијал на сајтот на ДБКИ на кој се врши обуката. Тестот, воопшто не е е тежок доколку се проучи законот за класифицирани информации и правилниците за употреба. Има десетина прашања и досега нема информации дека некој воопшто паднал на тој тест.

По тестот и курсот, следува безбедносна проверка која ја прави АГенцијата за национална безбедност и конечната одлука ја носи Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Таа треба да го добие назад сертификатот назад доколку се утврди злоупотреба.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе