Вести Економија Топ вести

Мицкоски: Доверлива е каматата која ја понудиле банките кои сакаат да ја финансираат брзата пруга

На следната владина седница ќе се разгледуваат понудите кои ги дале финансиските институции и банки за брзата пруга, но премиерот Мицкоски кажа дека не може да каже каква ќе биде каматата бидејќи процесот е доверлив. Уверува дека ќе биде избрана најповолната понуда за овој проект. Пред неколку дена од  Министерството за финансии соопштија дека од вкупно 24 институции до кои пратиле понуда за проектот, одговор дека се заинтересирани да го финансираат добиле од  16. Но,  кои се пројавиле интерес  од таму не откриваа. На прашањата на Телма одговорија со истиот допис кои и претходно го  лиферуваа во јавноста.

За брзата пруга од Табановце до Гевгелија се бараат околу 2 милијарди евра. Според, физибилити студијата километар би чинел 8, 8 милиони евра. За кредитот кој ќе биде земен, гарант е Обединетото Кралство со кои земјава потпиша и договор. Освен брза пруга планот е да се модернизираат и болници, но и да се гради нов Клинички центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

СДСМ: Две години Тошковски на чело на МВР – Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе