На следната владина седница ќе се разгледуваат понудите кои ги дале финансиските институции и банки за брзата пруга, но премиерот Мицкоски кажа дека не може да каже каква ќе биде каматата бидејќи процесот е доверлив. Уверува дека ќе биде избрана најповолната понуда за овој проект. Пред неколку дена од Министерството за финансии соопштија дека од вкупно 24 институции до кои пратиле понуда за проектот, одговор дека се заинтересирани да го финансираат добиле од 16. Но, кои се пројавиле интерес од таму не откриваа. На прашањата на Телма одговорија со истиот допис кои и претходно го лиферуваа во јавноста.
За брзата пруга од Табановце до Гевгелија се бараат околу 2 милијарди евра. Според, физибилити студијата километар би чинел 8, 8 милиони евра. За кредитот кој ќе биде земен, гарант е Обединетото Кралство со кои земјава потпиша и договор. Освен брза пруга планот е да се модернизираат и болници, но и да се гради нов Клинички центар.
