Вести Економија Топ вести

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Сојузот на стопански комори на Македонија објави дека, извршната директорка Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата поради фалсификување службена документација и незаконско дејствување… Таа нема никакви овластувања да ја претставува институцијата, стои во официјалното соопштение… Од комората обвинуваат дека Јаневска испратила лажно соопштение до медиумите од приватна е-маил адреса, тврдејќи дека било одржано вонредно собрание на Сојузот, што, според раководството, е правно ништовно и грубо прекршување на статутот… Во активноста биле вклучени и четири други членки, поврзани со Јаневска, кои исто така се исклучени… Претседателот на ССКМ, Трајан Ангелоски, издаде наредба за итна суспензија и поднесе пријава до МВР… ССКМ апелира до медиумите и јавноста да не прифаќаат комуникации испратени од неофицијални канали…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе