Вести Економија Топ вести

ССМ пресмета поскап живот, Владата анализира дали треба мерки

За два месеци кошничката потешка за 2.000 денари. Иако, се уште не се  излезени трошоците за јуни, од ССМ велат дека според неофицијални податоци тие скокнале за околу 800 денари во однос на мај.  Па, групата пресметка на синдикатите покажува дека за двата месеци има зголемување трашоците од 2.000 денари кое воопшто не е за занемарување.  Предлагаат, веднаш да се донесат мерки,  со образложение дека очигледно само на тој начин може цените да се држат под контрола.

„Сè додека им се остава дополнителен простор, цената еве на овошјето отиде до плафон, иако бевме критикувани за тоа. Ако до сега вредноста на црешите во кошничката изнесуваше 100 денари за килограм, сега е 300 денари за килограм и рачунајте колку ќе се зголеми вредноста кога ќе се помножи тоа по 12 месеци. Затоа велат дека мерките се и тоа како неопходни и мислам дека Владата не треба да размислува толку при креирањето на истите“, вели за Телма, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Министерот Дурмиши пак во вчерашната ТОП ТЕМА,  рече дека  се уште се прават анализи и ако има потреба мерки ќе се донесат најрано во јули.

„На крајот на овој месец ќе направиме уште еден извештај. Да ги видиме двата месеца, како се движат цените, ако имаме девијантно однесување од страна на трговците, производителите и дистрибутерите ќе донесеме по ригорозни мерки“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Премиерот Мицкоски неколку пати кажа дека има план за мерки, но не откри какви. Рече само дека наскоро ќе бидат соопштени во јавноста.

Од ССМ, пак, велат дека извештаите на пазарен можеби не покажуваат драстичен скок, но сликата во продавниците е сосема поинаква.

Последната мерка за стабилизација на цените истече на крајот на април. Статистика, пак, последно објави раст на инфлацијата од 3,3 отсто во мај годинава во однос на мај лани и таа е значително повисока од онаа во ЕУ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цубалевски: Ако се затвори Ормуцкиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

Дејан Дејан

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе