Вести Економија Македонија Најважни

РЕК Битола не работи – Блок 2 исклучен поради пожар

Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е активирање на заштитниот механизам на блокот како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронското управување.

Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи. За случајот е известена криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот со цел утврдување на сите околности.

По завршувањето на полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуална штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата.

Во изминатиот период, производството на електрична енергија во РЕК Битола се одвива со намален капацитет. Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт, додека Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Не работи ниту ТЕЦ Осломеј, поради дефект кој се случи пред неколку дена. Од ЕСМ велат дека потребните количини струја ги обезбедуваат од хидропотенцијалот, а ако има потреба ќе се електрична енергија ќе се купи и преку домашната берза МЕМО.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе