Вести Економија Свет

САД и Кина постигнаа рамковен договор за трговскиот спор

САД и Кина постигнаа рамковен договор за решавање на трговскиот спор по дводневните преговори во Лондон. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник изјави дека е постигната согласност за „општа рамка“ која ќе го спроведе Женевскиот консензус и ќе овозможи директен разговор меѓу претседателите на двете земји.

Договорот е важен чекор кон деескалација на тензиите во трговските односи, особено во делот на царините и ограничувањата на извозот.

Преговорите се одвиваат во време на 90-дневна пауза во царинскиот спор, кога двете страни се обврзаа да ги намалат увозните царини за 115 проценти. Особено внимание се посвети на ограничувањата на извозот на ретки метали од Кина и на забраните за извоз на американски софтвер за чипови и авионски компоненти.

Кинескиот заменик-министер за трговија Ли Ченганг го опиша преговорите како „многу професионални и отворени“ и изрази надеж дека договорот ќе ја зајакне довербата меѓу двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија репатрира на Украина тела на 1.200 загинати војници

Дејан Дејан

Независните кандидати повторно извисија

Дејан Дејан

Проширена истрагата на уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе