Вести Македонија Топ вести

КОД: Адвокатски тарифи за кривични пријави за градоначалници

90 отсто од општините во Македонија ангажираат надворешни адвокати за застапување пред суд и правни совети, иако барем поголемите општини имаат правна служба, објавува КОД. За таа намена трошат по неколку илјади евра годишно.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, доби кривична пријава за трошење пари за адвокати, но речиси сите го прават истото. Градоначалниците најчесто велат дека општинските правни служби немаат доволно капацитет за сложени случаи.

Во КОД ќе гледате и кои политички познати адвокати ги ангажирале општините и за колкави суми. Ќе дознаете и како дојде до тоа адвокатските услуги да не мора да се набавуваат преку тендер. Ќе го гледате и вториот дел од репортажата на КОД од Израел. КОД е вечерва од 19:15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе