Многу струја, малку потрошувачи. Колку македонскиот преносен систем е подготвен да се справи со овој нов предизвик кој настана поради зголемено производство на струја заради изградбата на фотоволтаици.
Ова прашање излезе на површина откако првично за време на празниците, први мај и Велигден, МЕПСО исклучи производители, соларки, затоа што имаше вишок на електрична енергија кој немаше каде да се пласира, нешто што не е воопшто добро за мрежата. Според, објаснувањата на познавачите овие вишоци се појавиле поради зголеменото производство од фотоволтаиците кое се случи откако заврши енергетската криза. Тогаш почна масовно инвестирање во производство од обновливи извори.
Пред две недели за време на викенд, во раните утрински часови пак скоро цела држава остана без електрична енергија повеќе од еден час. За ова објаснувањето од МЕПСО беше преку едно соопштение во кое наведе дека станува збор за регионален и европски проблем со кој се соочуваат сите преносни системи поради малата потрошувачка на струја во текот на ноќните часови.
Се споменува дека повеќе нема индустрија која би трошела електрична енергија во текот на ноќта, кога потрошувачката од домаќинствата е ниска.
Поради сето ова во енергетскиот сектор се на штрек. ЕСМ најави дека поради намалената потреба од струја за Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, тие ќе се насочат кон оптимизација на домашното производство. Според моменталните информации, засега нема најава дека би можело да има исклучување. Првиот регулатор Бислимовски вели дека МЕПСО ги користи сите механизми кои им се на располагање.
–Се регулираат со системски резерви ко ги имаат и МЕПСО во наредно период ќе распише тендер за поставување на една поголема таква кондезаторка батерија во Неготино, така да и тој проблем ќе биде надминат во следниот период, изјави претседателот на рке марко бислимовски
Сепак, чека да го добие и извештајот од МЕПСО кој треба да покаже што точно се случило тој викенд кога земјава остана без струја.
Се зборува дека и кај нас се потребни инвестиции во мрежата кои не можат да се случат преку ноќ и за кои треба време да се направат. Електро преносната мрежа во земјава е стара повеќе до 40 години.
Првично проблемите со вишокот на струја се почувствуваа во Шпанија, Португалија и делови од Франција, кога милиони жители неколку часа останаа без електрична енергија.
Тогаш објаснувањето од таму беше дека дошло до осцилации во далноводите со висок напон и ваквата појава ја нарекоа феномен.
Ирена Чачкова