Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, поизразен во западните делови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 7°C, а максимумот од 18 до 26°C.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
41 Крушево, 26 Охрид, 24 Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, Маврови Анови, 14 Претор, Пожаране, 13 Штип, 11 Битола, Кавадарци, 10 Демир Капија, 9 Тетово, Попова Шапка, 6 Скопје-Петровец, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 14.0, Дојранско Езеро 20.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/