Вести Економија Најважни Свет

САД и Кина се согласија на 90 дневна царинска пауза

САД и Кина се согласија да ги намалат царините од 115 на 10 отсто во времетраење од 90 дена. Договорот доаѓа откако двете страни за време на викендот одржаа преговори во Женева. Претходните зголемувања на царините од страна на администрацијата на Трамп за Кина изнесуваа 145 отсто, а сега значително ќе се намалат.

Скот Бесент, Министерот за финансии на САД, изјави дека Америка и Кина ќе ги намалат царините за 115% започнувајќи од среда.

„Консензусот од двете делегации овој викенд е дека ниту една страна не сака раздвојување. А она што се случи со овие многу високи тарифи, како што рече амбасадорот Грир, беше еквивалент на ембарго. И ниту една страна не го сака тоа. Ние сакаме трговија. Сакаме поурамнотежена трговија. И мислам дека двете страни се посветени на постигнување на тоа“ изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД.

Намалувањето значи дека американските царини за кинески увоз ќе паднат на 30 отсто, додека кинеските царини за американски стоки ќе намалатат на 10 отсто.Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг изјави дека преговорите во Женева биле отворени, длабински и конструктивни.

„Со прагматичен пристап кон решавањето проблеми, ќе се вклучиме во искрен дијалог и рамноправни консултации, ќе ги управуваме нашите разлики, ќе го искористиме потенцијалот за соработка, ќе го прошириме списокот на резултати од соработката и ќе го направиме колачот од взаемни придобивки поголем. Ќе промовираме нов развој во трговските односи меѓу Кина и САД и ќе внесеме поголема сигурност и стабилност во светската економија“ изјави Хе Лифенг, кинески вицепремиер.

Американскиот претставник за трговија на САД изрази позитивен став и договорот го опиша како доказ за меѓусебно разбирање и меѓусебно почитување меѓу кинеската и американската страна.

„Значи, повторно, овој договор всушност се однесува на реципрочната тарифа, која беше воведена од САД на 2 април, и ескалациските чекори што следеа. Оние од двете страни, кинеската страна и американската страна, завршија на 125% едни кон други. Кинезите имаат дополнителни нетарифни контрамерки. Сето тоа се намали за 115% на 10% секоја“ изјави Џејмисон Грир, претставник за трговија на САД.

Претходно високите царини ја предизвикаа една од најголемите трговски војни меѓу двете најголеми економии во светот, нарушувајќи ја трговијата што минатата година достигна 660 милијарди долари. По соопштението за склучувањето на договорот за 90 дневна пауза меѓу САД и Кина берзите во двете земји пораснаа. Следни договор чекаат   Велика Британија и Швајцарија  додека Европската Унија е побавна во процесот.

 Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе