Кошарка Спорт

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Оклахома го освои Денвер за да израмни на 2-2 во полуфиналниот плеј-оф во НБА-лигата, додека најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната, Кливленд е на само еден пораз од елиминација.

Оклахома славеше победа од 87-92 на гостувањето во Денвер за израмнување на серијата на 2-2. Шеи Гилџеус-Александер имаше 25 поени за Тандер, а најефикасен кај Нагетс очекувано беше Никола Јокиќ со 27 поени и 13 скока. Следниот натпревар е за три дена во Оклахома.

Индијана го прегази Кливленд со 129-109 за водство од 3-1 во полуфиналната серија на Истокот. Пејсерс го решија победникот уште пред крајот на првото полувреме кога дојдоа до неверојатно водство од 44 поени, а на големата пауза беше 80-39. Паскал Сијакам со 21 поен и Мајлс Тарнер и Оби Топин со по 20 беа најдобри во редовите на домашните, а кај најдобриот тим по регуларниот дел од сезоната најмногу се истакна Дариус Гарланд со 21 поен. Следниот натпревар се игра во Кливленд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе