Вести Економија Македонија

Mожно исклучување на производителите на струја од мрежата поради вишоци

И за први мај можно е исклучување на производители на струја од мрежата поради вишоци. Од МЕПСО информираат дека како и за велигден така и за овој празник се очекува намалена потрошувачка на струја, а зголемено производство од обновливи извори. Поради тоа побарале продолжување на одлуката до РКЕ со која се овозможува доколку увидат дека има потреба да  исклучат одредени производители од мрежата за да не дојде до колапс на електросистемот.

Според, одлуката на регулаторите оваа можност им се дава на компаниите од утре па се до крајот на октомври. Од мрежата нема да можат да се отстранат само повластените производители на електрична енергија односно оние кои се на регулиран пазар со договорена цена. Тука влегуваат и ветерните паркови.  За овој проблем министерката за енергетика Божиновска и првиот регулатор Бислимовски  се на вонреден состанок во Атина, затоа што ваков проблем со вишоци на електрична енергија се јавил и во Грција.

За велигденските празници поради намалена потрошувачка на струја а зголемено производство од мрежа биле исклучени неколку соларни централи. Од МЕПСО уверуваат дека мрежата е стабилна, а состојбата постојано се следи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе