Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и дизелот поскапуваат за два денара за литар од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на литар Еуросупер БС-95 ќе чини 73,5 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75,5 денари, а литар дизел за 66 денари.
За денар и половина поскапува и Екстра лесно масло и килограм од полноќ ќе чини 65,5 денари. Со одлуката на РКЕ се зголемува и цената на мазутот чија цена од полноќ ќе биде 37,155 денари за килограм.