Вести Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 27.4.2025

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максимумот од 15 до 23°C.

Агропрогноза:

Врнежите од дожд се од големо значење за земјоделските култури, посебно за зголемување на влагата во почвата, така што почвата би била во уште подобра состојба и со подобрен водно-физички режим за попродуктивен и поинтензивен раст и развој. Овие нови врнежи се добредојдени за сите земјоделските култури. Исто така, поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поволни услови за појава на растителни болести и штетници, па поради тоа потребно е редовно да се врши контрола и заштита на посевите. Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделските производители може да почнат или продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување на работи во поле. Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

17 Охрид, 14 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 8 Претор, 7 Крушево, 6 Тетово, Попова Шапка, 4 Битола, Тополчани, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип, Пожаране, 1 Скопје-Петровец, Берово.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 18.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе