Вести Економија Топ вести

Дел од јавниот сектор за Велигден без плата

Дел од јавниот сектор за Велигден без плата. По, Министерство за економија, пазарниот и трудовиот инспекторат без примања останаа и центрите  за социјална работа и институциите под министерството за култура.

За центрите за социјална работа од УПОЗ за Телма велат дека се обиделе да добијат одговор зошто се уште не им е пуштена платата но не добиле никаква информација. Од синдикатот појаснуваат и дека освен што се без плата, центарот во Карпош и домот за згрижување на бездомници во Чичино Село  останале  без струја поради неплатени сметки.

Причината за немањето плата во економија и двата инспекторати трудов и пазарен  се лоцира во систематизацијата, односно со трансформацијата на институциите се јавуваат дупли позиции. Дополнително во ова министерство според неофицијални информации вработени не оделе на работа, а добивале плата. За ова минисетрот Дурмиши соопштил на почетокот на годинава. Така констатирала ревизијата. Но, комисијата која треба да утврди дали колку и кои го правеле тоа е формирана дури сега. Уверуива дека ако има таклви ќе добиеле отказ.

Вработените во јавнито сектор пак кои ја добија мартовската плата констатирано е дека во нејзе не е пресеметано и зголемувањето од 12 отсто кое треба да го добијат согласно Општиот колективен договор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства

Дејан Дејан

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе