Вести Економија Топ вести

ССМ и ОПМ се уште не ја добиле на увид потрошувачката кошничка

Сојузот на синдикати на Македонија, Организацијата на потрошувачи се уште ја немаат добиено на увид новата пресметка за потрошувачка кошничка.

Од економија најавија дека до крајот на неделава ќе го сторат тоа. Сепак од Организацијата на потрошувачи за Телма велат дека кога ќе ја добијат пресметката ќе ја разгледаат но сметаат дека правото место каде треба да се одлучува е Економско социјалниот совет.

Тие не се дел од ова тело и нивната улога е заштита на потрошувачите. И од ССМ се уште ја немаат добиено пресметката.

Од економија пред неколку дена соопштија дека до крајот на неделава ќе ја дадат на увид, а до крајот на месецов очекуваат да биде верификувана во рамки на Економско социјалниот совет.

Она што се знае сега дека повеќе нема да се нарекува минимална туку просечна. Нема да има цигари и алкохол иако и досега овие производи ССМ не ги пресметува во месечната кошничка која ја објавува.

А нема да има ниту одмор во странство затоа што се смета за луксуз. Во сегашната на ССМ има вклучено седум дена во Дојран. Исто така оваа нова кошничка ќе биде за тричлено семејство, а не за четиричлено. До промена на пресметката доаѓа откако од Владата имаа забелешки дека во неа има спорни производи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле

Дејан Дејан

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе