Ракомет Спорт

Ракометарките против традицијата: Немаме минато бараж за СП уште од 2007 година

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот гостува кај Полска во рамки на првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство што ќе се одржи годинава во Германија и Холандија. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе се обидат да дојдат до добар резултат пред реваншот во Битола во сабота. 

Ракометарките изминатите неколку години врзаа два настапи на Европските првенства, но на Мундијалите Македонија ја нема уште од 2007 година. Тогаш ја победивме Белорусија во баражот и настапивме на светскиот турнир во Франција, каде завршивме на 12-тото место.
Потоа ниту еднаш не успеавме да минеме бараж па бевме елиминирани од Австрија во 2009 година, потоа два пати по ред од Шпанија, за турнирот во 2015 година не ја минавме квалификациската група, а губевме во баражите од Шведска, Словенија, Романија и последно од Украина.
Традицијата дефинитивно не е на наша страна, бидејќи на последните пет баражи немаме ниту победа. Последната ја имаме против Шпанија во јуни 2011 година, кога на домашен терен победивме со 24-21, но на првата средба на гости загубивме со убедливи 37-22.

Вечерва нашите ракометарки ќе се обидат да одиграат против традицијата во баражите, но Полска секако е сериозен противник. Оваа селекција на последното Европско првенство заврши на 9.место. Досега имаме одиграно две меѓусебни средби и два пати победил противникот и тоа на големите турнири. На Светското во 2007 година Полска ја победи Македонија со 33-31 во дуелот за 11-тото место, а една година претходно на Европското првенство игравме во главната фаза и бевме поразени со 35-33. 

По вечерашната пресметка во Кошалин, реваншот во Македонија ќе се игра во Битола во салата „Боро Чурлевски“ во сабота, 12-ти април. 

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

Дејан Дејан

ФОТО: Комити им се заблагодарија на земјите кои помогнаа во лекувањето на повредените во трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе