Две компании доставиле понуди на повиокот на ЕСМ со кој се бара фирма која ќе копа јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола. Ова за Телма го потврдија од ЕСМ. Оној кој ќе биде избран всушност ќе ги замени Марковски компани со кои сегашното раководство го раскина договорот заради неисполнување на обврските.
На претходниот повик ниту еден од пријавените не ги исполнуваше условите, па од ЕСМ најавија промени, за да има поголема конкуренција.
Додека да се најде комапнија која ќе го работи тоа, привремено јаглен за Рек Битола ископува компанијата Топлина од Подмоље, фирма која заедно со уште две струмички фирми кои се поврзуваа со луѓе блиски до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, беше подизведувач на Марковски компани во раскинатиот договор.