Вести Временска прогноза

Сончево и релативно топло, по одделни котлини претпладне магливо – Временска прогноза за 1.2.2025

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 6°C, а максимумот од 9 до 17°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

0 Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, Лазарополе, 2 Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, 3 Штип, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 4 Гевгелија, Претор, Велес, Скопје-Петровец, 5 Тетово, Охрид, Виница.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Пожар – Радовиш, 3 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Струмица, Охрид, 1 Прилеп, Маврови Анови.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

35 Попова Шапка, 16 Маврови Анови.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 4.5, Дојранско Езеро 7.6.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

„Зелен хуман град“ предупредува дек најавените дата-центри може да донесат дополнително загадување преку согорување отпад

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска порача: Да се европеизираме преку Копенхашките критериуми, а не преку решавање историски спорови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе