Вести Временска прогноза

Променливо облачно и студено со сончеви периоди – Временска прогноза за 27.12.2024

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.

Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2°C, а максималната од 1 до 6°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-3 Крушево, 0 Битола, Берово, 1 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 2 Тетово, Дебар, Претор, 3 Скопје-Петровец, Штип, 4 Куманово, Демир Капија, 6 Струмица, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

68 Попова Шапка, 60 Маврови Анови, 25 Крушево, 7 Тетово, 4 Гостивар.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 5.5, Дојранско Езеро 6.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Името на Трамп отстрането од Центарот „Кенеди“ по судска одлука

Tea Dimkovska

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

Tea Dimkovska

Телма сторија – Отворени истраги и активни судења за сообраќајни незгоди

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе