Вести Македонија Топ вести

Три безживотни тела пронајдени во неготинското село Црвени Брегови

Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови, потврдија од Јавното обвинителство.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле“, велат од обвинителството.

Покрај 14-годишниот малолетник, останатите две лица, според СВР Велес, се на возраст од 71 година од Битола, односно 66 години од Ресен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката за рудникот Иловица е шок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе