Во петок на пладне ќе се сретнат синдикатите, владата и работодавачите. Прва точка на дневен ред ќе биде минималната плата која според ССМ треба да порасне на 450 евра, цел која не е остварлива со законското зголемување во март кое според пресметките ќе изнесува околу 1.700 денари.
Синдикатите бараат да се најдат повеќе пари за да се достигне сумата од 27 илјади денари која и во тој случај би била најниска во регионот.
Тема на разговор ќе бидат платите во јавниот сектор. Се чека да биде изготвена и нова наречена „Новогодишна кошничка„ за која министерот рече дека ќе ја соопшти во текот на оваа недела и истата според најавите ќе опфати над 600 производи.
Министерката за финансии и дел од економистите велат дека не треба да се носи ваква мерка бидејќи истата е тешка за контролирање.
