Вести Економија Најважни

Стопанството ќе добие свежи пари од Унгарија, граѓаните камата за враќање

Фирмите ќе добијат свежи пари со ниски трошоци, но каматата на кредитот кон Унгарија кој е земен токму за нив, очигледно дека ќе ја враќаат и граѓаните.

По, долги преговори банките и владата договорија трошок на фирмите за кредитите кои ќе бидат поделени од унгарските пари да биде само надоместокот за покривање на кредитниот ризик на банкарите кои изнесува 1, 95 проценти. Со овој договор повеќе не важи онаа камата од 3, 25 отсто  која со месеци се споменуваше во јавноста.  На ова се сложиле неколку мали и поголеми банки

Со ова е се поизвесно дека фирмите за кои се зема кредитот нема да учествуваат во враќањето на заемот кон Унгарија , банките ќе го добијат својот дел за покривање на ризикот, а граѓаните кој преку даноците го полнат буџетот ќе го покриваат кредитот кој е земен за стопанството.  Според, пресметките годишно од државната каса за ова би се издвојувале над 8 милиони евра.

Банкарите кои ги контактиравме коментираат дека со ваков процент на кредитите ризик од 1, 95 отсто тие ќе бидат многу внимателни при изборот на фирми и пласманот на пари. Со ова се поставува прашањето дали ќе се успее да се пласираат сите 250 милиони евра во стопанството.

За економистите едно од клучните праша покрај  техничките беше и тоа како ќе се делат овие средствата. Благица Петрески од Фајнанс Тинк во интервју за Радио Слободна Европа смета дека многу е важно кои фирми ќе бидат таргет.

Но, премиерот Мицксоки без јасно да одговори под кои критериуми ќе се даваат овие пари кај фирмите, кусо одговори кои се може да стигне до нив.

Претходно државата и банкарите договорија, рокот за враќање на кредитот да биде 15 години, а три да е грејс периодот.

Од заемот од Унгарија за стопанството се наменети 250 милиони евра.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе