Вести Економија

Милионска набавка – ЕСМ ќе потроши над 10 милиони евра за струја за само две недели

Нова милионска набавка на струја. За само две недели ЕСМ ќе плати над 10 милиони евра на неколку трговци со струја за да обезбеди електрична енергија за целосно покривање на потребите.

Парите одат во џебот на четири фирми- ГЕНИ  Продажба на Енергија ДООЕЛ, ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ, Инфинит Енерџи ДООЕЛ Скопје, ХСЕ МАК  Енерџи ДООЕЛ. Најмногу ќе заработи ХСЕ МАК Енерџи ДООЕЛ  околу 4, 4 милиони евра.

Количините се за до крајот на месецов. Изминатиов период имаше доста милионски набавки. Новото раководство ја продолжи праксата од нивните претходници. Набавките се прават генерално за период од две недели.

На крајот на минатата недела ЕСМ требаше да достави и нова понуда за ценана на својот мегават но на барање на понудувачите тендерот се одложи за крајот на месецов односно за 28 ноември.

Другите енергетски фирми кои ги доставија барањата до регулаторите бараат поскапување на својата услуга од 50 до 80 отсто, но за првиот регулатор Бислимовски ова е неприфатливо.

Од друга страна премиерот откако неколку пати рече дека струјата нема да поскапи, последно соопшти ако дојде до тоа ќе биде минимално до 3 отсто. Без разлика на ваквите набавки, состојбата во ЕСМ и со домашните енергетски капацитети, тој не очекува големо поскапување и смета дека новата понуда за цената на струјата за домаќинствата од ЕСМ  ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Новата цена за преносот и дистрибуцијата треба да се донесе до крајот на месецов, а на струјата до крајот на годинава и да важи од први јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе