Вести Економија Најважни

Владата го донесе новиот буџет, ќе се потрошат рекордни 6,5 милијарди евра

Рекордни 6, 5 милијарди евра Владата планира да потроши идната година, а да собере 5, 8 милијарди евра. Зголемување има и кај расходите, но и кај приходите.  На владина седница се донесе буџетот за 2025 година.  За да може да функционира ПИОМ и да се иполни предизборното ветување за повиоски пензии, од буџетот во ПИОМ ќе се префрлат околу 400 милиони евра.  Околу 90 милиони евра плус ќе има за плати во јавниот сектор. Ако се гледаат бројките од ребалансот може да се забележи дека со додадените средства оваа ставка ќе тежи над  750 милиони евра. Пари се предвидени и за повисока минимална плата, но за законското зголемување кое треба да се случи во март.  Дали ќе се достигне износот од 450 како што бараа синдикатите останува неизвесно.

Освен еврообврзницата од 500 милиони евра која доспева за враќање во јануари, ќе треба да се порамнат и други долгови. Но, министерката Кочоска уверува дека државниот долг нема да надмине 60 проценти од БДП. Додека јавниот долг ќе зависи и од јавните претпријатија.

Повторно високо се проектирани и капиталните инвестиции од над 800 милиони евра. Но, најчесто и кога треба да се крати, тоа се прави токму од тука.

Растот за идната година е проектиран на 3, 7 отсто наспроти оној на Светска банка од 2, 5 проценти, а инфлацијата 2, 2 проценти.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем

Дејан Дејан

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе