Вести Македонија

ТОЕФЛ на Христовски: Обвинителството ќе ја чека ДКСК да си ја заврши работата

Oд обвинителството на прашање на Телма за ТОЕФЛ сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски велат дека ќе ја чекаат разрешницата во антикорупциската комисија за случајот кој е отворен по анонимна претставка.

ДКСК има веќе отворено постапка. Со оглед дека се работи за функџционер, антикорупционерите се надлежни да ја проверуваат процедурата за негово назначување.

За да нема дуализам во постапката, обвинителството веднаш по завршувањето на таа постапка во ДКСК, ќе постапи согласно своите законски овластувања, ни одговорија од обвинителството.

Телма упати прашања и до МВР и до ДКСК за нивни активности откако беа објавени наводи дека пријавениот ТОЕФЛ сертификат од страна на Бојан Христовски е од училиште за странски јазици кое нема овластувања за ТОЕФЛ тестирања, го нема на пријавената адреса во Пловдив и работи онлајн.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе