Поранешниот уругвајскии фудбалски репрезентативец, Диего Форлан ќе дебитира во професионалниот тенис на 45-годишна возраст. Напаѓачот, кој во минатото играше за Манчестер јунајтед, Вилјареал, Атлетико Мадрид и Интер ќе настапи на АТП турнирот во Монтевидео и тоа во двојки како партнер на Аргентинецот Федерико Корија.
Форлан изминатиот период играше на ИТФ Мастерс турнири за тенисери постари од 45 години, но сега оди на повисоко ниво и тоа на АТП настан од втората категорија на Челинџери. Интересно е тоа што Уругваецот во своите тинејџерски денови бил исклучително талентиран тенисер, но се одлучил да продолжи со фудбалот и направи фантастична кариера. Ја освои Златната топка за најдобар играч на Светското првенство во 2010 година, каде Уругвај го освои четвртото место.
Фудбалската легенда Форлан ќе дебитира на АТП тениски турнир на 45-годишна возраст
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.