Вести Македонија Најважни

Новиот директор на АНБ нема “Државна тајна” сертификат туку го побарал по назначувањето, Христовски во интервју за КОД

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски во интервју за КОД на ТВ Телма потврди дека се уште нема безбедносен сертификат “Државна тајна”, а има важечки сертификат со степен пониско.

АНБ како контраразузнавачка служба проозведува многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид додека не го добие сертификатот за кој поднел барање откако го презеде раководењето со Агенцијата.

Во врска со неговиот безбедносен сертификат, Христовски рече дека има сертификат ,,строго доверливо”, а аплицирал за сертификат од највисок степен.

-Цела кариера сум поседувал безбедносни сертификати до највисок степен до државна тајна, се до 2019 кога во една политички монтирана безбедносна хајка во која беа вклучени високи функционери во УБК, не ми беше продолжен новиот безбедносен сертификат и следниот период немав поднесено барање за нов сетрификат, бидејќи не бев распореден на такво работно место. По повторно вработување во МВР аплицирав за безбедносен сертификат строго доверливо и го добив. Денеска со доаѓањето во АНБ почнав постапка за добивање највисок степен на класификација, рече Христовски и најави дека ќе отпочне и постапка за добивање на НАТО сертификат.

Во ист ден и директор на АНБ и асистент на Факултетот за безбедност- откриена биографијата на Христовски, лани ги исполнил условите за директор со дипломирање на „Туризам и менаџмент“

Своето прво интервју Христовски го даде неколку часа по преземањето на функцијата и беше емитувано во КОД на Телма.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оштетени кабли и булевар, Арсовска лови дивоградби во Чаир, чека градоначалникот Ганиу да ги урива

Дејан Дејан

Завршни консултации меѓу претседателката и премиерот за новиот гувернер

Дејан Дејан

Љубчо Георгиевски сведок на одбраната во случајот „Ванчо Михајлов“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе