Вести Економија Свет

Кина воведе царина на алкохолните пијалoци од ЕУ

Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалаци од Европска Унија, со образложение дека нереално ниските продажни цени може да им наштетат на домашните производители.

На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство.

Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалаци од 2019 до 2023 година, при што е утврдено дека европските дестилерии продаваа алкохолни пијалаци со попуст од 30,6 до 39 отсто.

Здружението на производители на коњак БНИЦ во јануари тврдеше дека попустот изнесува 15,88 проценти и оти е „особено скромен во споредба со она што е општоприфатено како основа за антидампинг истрага“.

Производителите на коњак од ЕУ соопштија дека се „внимателни оптимисти“ пред разговорите помеѓу претставниците на Пекинг и Брисел за трговските спорови.

Во меѓувреме, ЕУ воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, а кинеското Министерство за трговија најави прелиминарни царини за увоз на европски автомобили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе