Вести Економија Македонија Топ вести

Заврши преодниот законски рок од шест месеци, Законот за нефер трговски практики стапи на сила

Заврши преодниот рок од шест месеци за усогласување со одредбите од законот за нефер трговски практики, а од викендов тој стапи на сила.

Со него се очекува цените на производите да се намалат и да се стави ред во трговијата.

Законот опфаќа 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, со што се очекува и намалување на нивните цени за исто толку.

За та се спречи манипулација на законското решение од страна на трговците нивното работење ќе го следи Комисијата за заштита на конкуренцијата, која доколку забележи неправилности во работењето има право да поведе прекршочна постапка која ќе биде донесена по службена должност или по барање на физичко или правно лице, кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и истата мора да заврши во рок од три месеци.

Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб-страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Онаму каде што ќе се утврди дека се прекршени одредбите на законот се одредува казна, односно висина на глоба, дефинирајќи ги нејзиното ниво и рокови за плаќање.

Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице.

Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е од 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице.

Од Министерството за економија и труд нагласуваат дека решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе