Вести Економија Топ вести

ЕСМ троши милиони за да купи струја, МЕПСО купува украсни растенија

ЕСМ купува струја по повисоки цени, МЕПСО троши пари за хортикултурно уредување. За две недели државните електрани ќе потрошат близу 4 милиони евра за да ги надоместат потребните количини електрична енергија.

Струјата ќе ја испорачаат неколку трговци по цена од 100 до 120 евра за мегават час. Количините се за период од утре,  па се до крајот на септември.

Ова е петти оглас за набавка на струја во последниов период. Од почетокот на август константно се купува  електрична енергија. Само овој месец ЕСМ ќе потроши  над 5 милиони евра.

Според, извештајот на МЕПСО лани за ова биле потрошени околу 12 милиони евра. Но, со оглед на тоа дека овие набавки се чести,  многу лесно може да се надмине оваа сума на пари кои  во 2023 биле дадени за да се надоместат потребите.

Она што загрижува е тоа што струјата чини поскапо од онаа по која може да ја испорачаат домашните капацитети. Цената за мегават достигнува и до 150 евра.

Производната пак на РЕК Битола се движи околу 110 евра, а на целото ЕСМ вклучувајќи ги и хидроцентралите околу 80 до 90 евра за мегават час.

Oд ЕСМ пак вината за овие набавки ја префрли кај претходно раководство.

Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од годината заради лошото менаџирање на хидро ресурсите во изминатите неколку месеци.

Од друга страна пак новото раководство во МЕПСО, одлучи да троши пари за да си го уреди дворот и внатрешноста на зградата со украсни растенија за кои за една година ќе потроши околу 18 илјади евра.  Договорот го потпишал новиот директор Бурим Латифи. Компанијата во првиот квартал годинава се најде и во групата институции со загуби. Какви се бројките за вториот квартал, финансии се уште ги  нема објавено податоците. МЕПСО долго време се обидува и да го наплати долгот од трговците со струја кој беше направен во време на енергетската криза.

За овој договор објаснувањето од МЕПСО  е слично како она од ЕСМ. Набавката за уредувањето е постапка распишана од нивните претходници. Била во планот за оваа година, а одлуката за избор на најповолна понуда е донесена на крајот на јуни од страна на менаџерскиот тим во заминување.

Енергетскиот сектор во земјава подолго време е во лоша состојба. Во предизборната програма на Владата во неколку страници пишува што ќе се преземе за поголема енергетска независност. Останува да се види што од тоа ќе биде постигнато и дали и како ќе се надминат проблемите во енергетиката.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе