Вести Економија Топ вести

Бислимовски: Не е коректно во овој регион секогаш да има високи цени на струјата- се чека ЕЕЗ да утврди што се случува

Грција, Романија и Бугарија ќе бараат од ЕУ исплата на компензација поради високите цени на струјата со кои се соочуваат земјите од Југоисточна Европа во однос на оние кои ги има во другите држави во ЕУ.  Дали и на Македонија ќе и биде надоместена штетата е неизвесно.

За состојбата претседателот на РКЕ Бислимовски и министерката за енергетика Божиновска испратија заедничко  писмо до Европската енергетска заедница. Бараат специјални тимови да ја утврдат причината за ваквиот скок.

Од ЕЕЗ го известиле регулаторот  дека го добиле дописот и дека ќе почнат со проверките. Бислимовски смета дека една од причините за ова што се случува  може да се прекуграничните капацитети

Во септември цената во Франција е 68 евра за мегават час, во Белгија е 76 евра а да речеме во Словенија е 121 евро на ХУПЕКС е 138 евра значи ние имаме ситуација  кога имаме за два пати повисоки цени во нашиот  регион. И не е коректно  овој регион секогаш да има на некој начин да биде спотер и да има вакви високи цени. Бараме тоа да се провери. Една може  би од причините се прекуграничните капацитети што го имаат две земји на својата граница и тоа еден пример  како со автомобилите ако капацитетот е мал настануваат загушувања кога се повеќе од дозволениот капацитет се плаќа и очигледно се виски тие цени кои се плаќаат за овие загушувања, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Но она што дополнително загрижува е тоа што домашните капацитети не се во можност да ги обезбедат потребните кочини, па се набавува струја. Изминатиов период ЕСМ на неколку пати купи електрична енергија и тоа по цени кои достигнаа и до 150 евра. Бислимовски се надева дека овие набавки нема да влијаат на новата цена на струјата за домаќинствата  која треба да се донесе на крајот од годинава.

Па ќе видиме, најголемиот производител купува о и продава на берза и заработува па ќе видиме какви ќе бидат на крајот резултатите, додава Бислимовски..

Од стартот на летото до сега може да се забележи значителна разлика во цените. Во регионов тие се до два пати повисоки од оние во другите држави од ЕУ.  Вакви износи можеа да се забележат  на стартот на енергетската криза.

Во меѓувреме додека се чекаат резултатите од ЕЕЗ, регулаторна привршува со анализите кои треба да покажат дали има простор домаќинствата да добијат уште еден час дневна евтина струја.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе