Владата преку соопштение до медиумите информира дека во буџетот обезбедила средства за изплата на К-15 на 84 илјади административци.
Од буџетот за исплата на К-15 ќе се издвојат 1 милијарда денари.
Според соопштението средствата се обезбедени со ребаланс на буџетот бидејќи претходниот владин состав не предвидел средства за оваа намена.
– Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените, се вели во владиното соопштение.
Додаваат дека со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.