Вести Економија Топ вести

Пад на извозот, зголемување на увозот – македонскиот дефицит за периодот јануари – јули е 1,92 милијарди евра

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – јули во 2024 година изнесува 4.567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 1.922.3 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули во 2024 година изнесува 70.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – јули 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе