Се поизвесно е дека се трасира патот за влез на нов мобилен оператор во земјава.
Од Владата соопштуваат дека со 4iG Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишале Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата.
Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и „4iG“ Групацијата ги истакнува можностите за влез „4iG“ Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги идентификува стратешките области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во земјата.
Како што појансуваат во владиното соопштение, во следниот период двете страни ќе формираат заедничка работна група за унапредување на соработката, со цел да се анализираат можностите на пазарот и да се забрза соработката.