Вести Економија Македонија Најважни

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење  (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,125 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,170 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,517 отсто, кај дизелот за 0,216, кај екстра лесното масло за 0,542 и кај мазутот за 2,048 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,2235 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе