Министерства, јавни претпријатија, речиси сите Општини заглавени во милионски долгови. Железница пак може да се пофали со подобри бројки. Овој пат на списокот на должници на финансии по подолг период го напушти врвот, но повторно двете претпријатија и МЖ Транспорт и Инфраструктура се во првата петорка.
Со долг од над 100 милиони евра прво на листата е Јавното претпријатие за комунални дејности Гостивар.
Веднаш зад нив е друштвото за пренос на природен гас НОМАГАС, каде пак е накалемен долг од близу 90 милиони евра.
Тука се и трите фирми за парно на ЕСМ- за производство, дистрибуција и снабдување. Кај две од компаниите може да се забележи дека во однос на претходно долгот пораснал.
На списокот се и повеќе министерства. Со најголем долг е правда, од околу 6 милиони евра. Со неподмирени обврски се и Министерство за образование, за одбрана, со нешто помали долгови се Министерството за надворешни, за култура, транспорт, дигитална трансформација, економија. А место на списокот си најде и Службата за општи заеднички работи на Влада.
Должат и речиси сите Општини. Претходната Влада од буџетот им префрли над 50 милиони евра за да ја подобрат состојбата. Сега оваа владина гарнитура ќе обезбеди 250 милиони евра за да реализираат капитални проекти.
За општините изминативе години постојано се зборува дека лошо ги менаџираат работите, немаат внатрешни ревизии, некои се и превработени со кадар кои е тотално непотребен, а најголем дел од нивните буџети се троши на плати.
На листата на должници е и Развојната банка, Фондот за здравство, за пензиско, Јавното претпријатие за државни патишта, доста училишта, факултети, судови, клиники.
Долговите се однесуваат по основ на плати, придонеси, неплатени фактури за материјали, договорни услуги, за камати кон домашни и странки кредитори, за купување опрема, мебел.
Листата на министерството за финансии се однесува за долгови заклучно ос месец јуни.
Ирена Чачкова
