Вести Македонија

(ВИДЕО) Бизнисмен „летал“ по автопат со 272 км/h,  полициски началници го спасувале од казна

Полицијата објави дека во мај имало случај кога полициски началници и полицајци наместо да му пишат казна на возач за брзо возење, му прогледале низ прсти со обичен прекршок. Внатрешната контрола почна кривична постапка за нив.

Возачот кој бил бизнисмен и е сопственик на хотел со своето порше летал 272 км/h што е повеќе од двојно побрзо од дозволените 120 километри на час.

@telmatelevizija

Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина. __________________ 🌐За да ги прочитате најновите вести на Телма кликнете на линкот во био. 🔗 #телма #телмателевизија #вести #мквести #македонија #скопје #telma #telmatv #vesti #mkvesti #makedonija #instanews #skopje #топтема #toptema

♬ original sound – TV Telma

Во продолжение соопштението на МВР:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил само предупреден.

По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак.

Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог, имајќи предвид дека за ваков вид на прекршок согласно член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок.

Началникот на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Оддел за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок, поради што началникот на Оддел за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување.

Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за 8 лица се бара за штетата на ФФМ од 3 милиони евра

Дејан Дејан

Построгите правила за игрите на среќа ги конфронтираа двете страни

Дејан Дејан

Ги убивал, па мртви ги силувал, три од жртвите се убиени на Бадник – обвинение за серискиот убиец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе