Вести Економија Свет

Економијата на еврозоната оствари раст поголем од очекуваниот

Економијата на ЕУ порасна повеќе од очекуваното во вториот квартал од оваа година, но економската активност во Германија, водечката европска економија, се намали, пренесе Бета.

Бруто домашниот производ (БДП) на ЕУ порасна за 0,3 отсто во вториот квартал во 20-те земји кои го користат еврото, покажуваат официјалните податоци што денеска ги објави статистичката агенција Еуростат.

Германија, пак, имаше пад на БДП од 0,1 отсто.

На ниво на еврозоната, растот следи слично остварување од 0,3 отсто од кварталот јануари-март, што беше прв значаен раст по повеќе од една година стагнација околу нулата.

Спротивно на тоа, американската економија порасна за 0,7 отсто во вториот квартал во однос на првиот, или 2,8 отсто на годишна основа.

Американските потрошувачи трошат слободно, додека државните трошоци од поголемите буџетски дефицити и субвенциите за деловни инвестиции во обновлива енергија, исто така, придонесуваат за растот на САД.

Во Европа е спротивно затоа што потрошувачите никогаш не штеделе повеќе од сега, додека владите исто така ја ограничуваат потрошувачката за да ги намалат буџетските дефицити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе