Вести Економија

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а не се менуваат цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Килограм Мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ( 81 денар за литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98 (83 денари за литар)  и на ЕУРОДИЗЕЛ БС ( 74 денари за литар).

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати  и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе