Спорт Тенис

Алкараз и Синер во 3.коло во Мајами, мастерсот заврши за Сабаленка (ВИДЕО)

На мастерс тенискиот турнир во Мајами двајцата топ фаворити Карлос Алкараз и Јаник Синер лесно стигнаа до 3.коло, но кај тенисерките загуби втората носителка Арина Сабаленка.

Алкараз загуби вкупно три гема против сонародникот Роберто Карбалјес Баена и победи со 6-2 и 6-1. Во 3.коло Шпанецот, кој е прв фаворит на турнирот ќе се соочи со Гаел Монфилс, кој пак го победи Џордан Томсон.

Јаник Синер со 6-3 и 6-4 го победи Андреа Вавасори, а Данил Медведев исто така во два сета со 6-4 и 6-2 го елиминираше Мартон Фучович. Од топ фаворитите во третата рунда се квалификуваа и Каспер Руд, Александер Зверев и Хуберт Хуркач, но Денис Шаповалов го изненади 10-тиот носител Стефанос Циципас. Испаднаа и американските фаворити Томи Пол и Тејлор Фриц, но интересно во 3.коло се пласираше Енди Мареј.

На женскиот дел од турнирот, првата фаворитка Ига Швојнтек со 6-1 и 6-1 ја елиминираше Камилоа Џорџи за место во 3.коло. Анхелина Калинина од Украина ја изненади втората носителка Арина Сабаленка во три сета во меч од третата рунда. Од топ фаворитките загубија и Јелена Остапенко и Онс Жабер. Наоми Осака ја победи Елина Свитолина за место во 3.коло, а Марија Сакари, Медисон Кијс и Викторија Азаренка се пласираа во осминафиналето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионот Денвер со втора победа во Минеаполис израмни на 2-2 (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Со вакви навивачи секогаш се победува, полни трибини за голема триумф

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Дуелот на идните второлигаши за Македонија ЃП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе