На мастерс тенискиот турнир во Мајами двајцата топ фаворити Карлос Алкараз и Јаник Синер лесно стигнаа до 3.коло, но кај тенисерките загуби втората носителка Арина Сабаленка.
Алкараз загуби вкупно три гема против сонародникот Роберто Карбалјес Баена и победи со 6-2 и 6-1. Во 3.коло Шпанецот, кој е прв фаворит на турнирот ќе се соочи со Гаел Монфилс, кој пак го победи Џордан Томсон.
Јаник Синер со 6-3 и 6-4 го победи Андреа Вавасори, а Данил Медведев исто така во два сета со 6-4 и 6-2 го елиминираше Мартон Фучович. Од топ фаворитите во третата рунда се квалификуваа и Каспер Руд, Александер Зверев и Хуберт Хуркач, но Денис Шаповалов го изненади 10-тиот носител Стефанос Циципас. Испаднаа и американските фаворити Томи Пол и Тејлор Фриц, но интересно во 3.коло се пласираше Енди Мареј.
На женскиот дел од турнирот, првата фаворитка Ига Швојнтек со 6-1 и 6-1 ја елиминираше Камилоа Џорџи за место во 3.коло. Анхелина Калинина од Украина ја изненади втората носителка Арина Сабаленка во три сета во меч од третата рунда. Од топ фаворитките загубија и Јелена Остапенко и Онс Жабер. Наоми Осака ја победи Елина Свитолина за место во 3.коло, а Марија Сакари, Медисон Кијс и Викторија Азаренка се пласираа во осминафиналето.